Содржина
Фрустрирана од својот живот во средната класа, мајката и домаќинка Рејчел посетува еден локален клуб за стриптиз и почнува да се фиксира на идејата да ја „спаси“ стриптизерката Мекена, која ја најмува да ѝ биде дадилка на децата...
Триесет и кусургодишната Рејчел навидум има сѐ што може да посака една млада жена: згоден, посветен и успешен сопруг, прекрасни деца, значително богатство и луксузен дом во ексклузивното соседство на Лос Анџелес, Силвер Лејк. Сепак, однатре таа се дави во незадоволство. Во очајнички обид да најде смисла, Рејчел посетува еден локален клуб за стриптиз и почнува да се фиксира на идејата да ја „спаси“ стриптизерката Мекена, која веднаш ја најмува како дадилка на нејзините деца и која би живеела во нивниот дом. Овој храбар потег започнува незамисливи и освежувачки промени во животот и бракот на Рејчел, но и во заедницата.