Содржина
„Диносаурус“ се одвива пред 65 милиони години и ја раскажува приказната за Аладар, игуанадон кој е разделен од својот вид и е одгледан од лемури. Кога еден метеорски дожд ја удира земјата, Аладар и неговото семејство мораат да си одат...
Придружете се на акционата авантура на група диносауруси кога се соочуваат со огромни предизвици во кои мораат да покажат храброст, верност и надеж во филмот „Диносаурус“ на „Дизни“! Дејството се одвива пред 65 милиони години и ја раскажува приказната за Аладар, игуанадон кој е одделен од неговиот вид и е одгледан од лемури, помеѓу кои се и итриот Зини и сочувствителниот Плио. Кога еден метероски дожд го уништува нивниот дом, Аладар и семејството следат едно стадо диносауруси што бара безбедно место. По патот, Аладар се спријателува со диносаурусите Бејлин, Има и Нира. Тие заедно мораат да се справат со недостигот на храна и вода, со заканата од другите диносауруси и со тврдоглавиот водач на стадото, Крон.