Содржина
Вториот дел од авантурите на Семи е приказна за малата желка која оди на големо патување. Филмот нѐ носи во магичниот свет на морските длабочини. Морските желки и нераздвојни пријатели Сем и Реј уживаат во водените и песочните убавини и ги носат штотуку родените млади Рики и Ела кон морето. Одеднаш се појавува ловокрадец кој ги грабнува и ги носи во Дубаи, во аквариум во кој ќе учествуваат во спектакуларна водена претстава за туристи. Морското коњче, кое е главна ѕвезда во претставата, ги повикува Семи и Реј да му се придружат во плановите за бегство, но тие смислуваат сопствени планови за да избегаат со своите нови пријатели.