Содржина
Анабел Котон е прекрасна и шармантна пациентка што има рак, но и голема љубов кон животот и природниот свет. Инок Бри е млад маж што се има откажано од животот, откако една несреќа ги зема животите на неговите родители. Кога и двајцата добиваат шанса да се запознаат на еден погреб, тие наоѓаат неочекуван заеднички интерес во своето уникатно гледање на светот. За Инок тоа го вклучува неговиот најдобар пријател Хироши, кој е дух на камиказе-пилот на борбен авион. За Анабел тоа вклучува восхит кон Чарлс Дарвин и интересирање за тоа како живеат другите суштества. Откако дознава за неизбежната смрт на Анабел, Инок се нуди да ѝ помогне своите последни денови да ги мине со иронија и со предизвикување на судбината и традицијата, па дури и на самата смрт. Како што расте нивната уникатна љубов така расте и реалноста во светот, за кој чувствуваат дека им се затвора. На смел, детски и уникатно редок начин, двајцата се соочуваат со животните предизвици. Борејќи се против болката, бесот и загубата со младешки дух, игривост и оригиналност, овие двајца одметници го враќаат ударот на животот и играат според сопствените правила. Нивното патешествие почнува да се судира со несопирливиот марш на времето, а природниот циклус на животот доаѓа да ја земе Анабел.