Содржина

„Прислужници“ е елегантен акциски трилер за одмаздата, семејството и потрагата по правда. Во сржта на филмот е една љубовна приказна, каде границата помеѓу доброто и злото е замаглена и секој носи во себе смртоносна тајна. Данте, Луис и Перфекто Мендоза се браќа раздвоени откако ги губат родителите во една трагична несреќа пред многу години. Сега, како возрасни, тие повторно се здружуваат и повторно ги градат своите животи. Но, кога најстариот, Луис – кој има станато пастор- е убиен на улица, двајцата браќа се заколнуваат дека ќе остават сѐ и ќе бараат одмазда. Селест Сантана е детективка на њујоршката политика. И таа има нерасчистени сметки. Пред многу години, една група одметници, наречена „Прислужници“ пред нејзините очи го има убиено нејзиниот татко, кој бил полицаец. А сега, по тринаесет години, тие повторно почнуваат да убиваат – но, овој пат таа може да стори нешто во врска со тоа. Со помош од нејзиниот партнер, детектив Бруно, кој е полициски ветеран и има работено со нејзиниот татко, Селест ја следи трагата на убијците. Единствениот проблем е што таа несвесно се вљубува во својот непријател и тукушто ќе ја открие вистинската тајна за смртта на нејзиниот татко. Кога сите оружја се вадат, таа ќе мора да донесе тежок избор за начинот на кој се задоволува правдата.

Слики

ПрислужнициПрислужнициПрислужнициПрислужнициПрислужници

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Куќата Гучи (2021)

    image
    Кога Патриција Реџијани, аутсајдер со скромно потекло, се мажи со член од семејството Гучи, нејзината амбиција почнува да го разоткрива семејното наследство и...
  • Еднакви шанси (2006)

    image
    Зависноста од коцкање ги прикажува приказните на тројца луѓе кои немаат ништо заедничко освен проблемот кој им ги уништува животите.
  • Дивљи анѓели (1969)

    image
    "Дивљи анѓели" је југословенски играни филм снимљен 1969. у режији Фадила Хаџиќа. По жанру је мешавина драме и криминалистичког филма, а радња приказује како...
  • На погрешен пат (2015)

    image
    Четворица млади момчиња влегуваат во ризична инвестиција, која ги води во конфликт со мафијата.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.