Содржина

Животот не може да биде полош за 17-годишниот Дејн и неговиот 10-годишен брат, откако се селат од Њујорк во еден здодевен мал град. Но, тогаш тие наоѓаат една мистериозна црна дупка зад една заклучена врата во подрумот...
Од легендарниот режисер, Џо Данте („Виење“, „Гремлини“) пристигнува трилерот кој ги прикажува стравовите и тајните закопани длабоко во човечкиот мозок. Животот не може да биде полош за 17-годишниот Дејн и неговиот 10-годишен брат, Лукас, кога нивната самохрана мајка, Сузан ги сели од Њујорк во досадниот мал град, Бенсонвил. Единственото возбудливо нешто за Дејн во новиот град е убавата сосетка, Џули. Бидејќи Сузан минува сè повеќе време на работа, Дејн и Лукас се оставени самите да ги истражуваат длабочините на нивното чудно ново живеалиште. Бидејќи Дејн посветува сè повеќе внимание на Џули, тој има многу помалку време и трпение за својот мал брат. Но, потоа сè се менува кога наоѓаат една мистериозна црна дупка под една заклучена врата на подот на подрумот. Кога браќата експериментираат со дупката, тие сфаќаат дека ладната бездна оди до бесконечност. Фрлаат паричка и не слушаат како паѓа. Тие спуштаат сијалица, а таа исчезнува во темнината. Надевајќи се дека ќе најдат одговори за минатото на куќата, Дејн и Лукас ја носат Џули да го види нивното ново откритие. Кога ја откриваат дупката, злото се ослободува. Зад секој агол демнат чудни сенки, а минатите кошмари оживуваат, па тројката ќе мора да се соочи со најтемните стравови за да ѝ стави крај на оваа „Дупка“.

Слики

ДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупкаДупка

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Сам во темнината 2 (2008)

    image
    Абнер Лунберг (Л.Хенриксен), поранешен ловец на вештерки, е присилен да се врати и да се бори против својот стар непријател, опасната вековна вештерка. Овој пат,...
  • Сеништен возач: Духот на одмаздата (2011)

    image
    Николас Кејџ е повторно во улога на Џони Блејз. Во новата визија на режисерите Марк Невелдин и Брајан Тејлор, Џони уште се бори со своето проклетство на ѓаволски...
  • Уништити Лас Вегас (2013)

    image
    Чланови братства одлазе у Лас Вегас током летњег распуста. Један од њих краде мач Тутмоса ИИИ из хотела, чиме ослобаѓа древну клетву и пешчану олују која погаѓа...
  • Измама (2006)

    image
    Свештеникот Тед и неговата сопруга Емили се, навидум, совршен пар. Иако Емили го обожава својот сопруг, таа забележува дека веќе тој не ѝ обрнува внимание. Откако...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.