рејтинг: 8.8/10
Оценка на корисникот: 7.2/10
(254 гласови)

Содржина

Почитуваниот режисер, Кристофер Нолан („Темниот витез“) предводи меѓународна актерска екипа во филмот „Почеток“, оригинална научно-фантастична акција која нè води низ планетата и во интимниот и бескраен свет на сништата. Дом Коб (Леонардо Дикаприо) е вешт крадец, највештиот во опасната уметност на „извлекувањето“: крадењето вредни тајни од длабочината на потсвесното при состојба на сон, кога умот е најранлив. Ретката способност на Коб го прави посакуван играч во овој опасен нов свет на корпоративната шпионажа, но поради тоа е и меѓународен бегалец и ризикува сè што некогаш сакал. Коб сега добива шанса за избавување. Само една задача може да му го врати животот, но само доколку го постигне невозможното. Наместо совршениот грабеж, Коб и неговиот тим од специјалисти треба да го изведат обратното, нивната задача не е да украдат идеја, туку да вградат идеја. Ако успеат, тоа може да биде совршено злосторство. Но, никакво внимателно планирање или експертиза не може да го подготви тимот за опасниот непријател кој се чини како да го предвидува секој нивен потег. Непријател кој само Коб можеше да го предвиди.
Вашиот ум е местото на злосторот.

Слики

ПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочетокПочеток

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Игрите на гладните (2012)

    image
    Кетнис има 16 години и живее со нејзината мајка и помладата сестра во најсиромашната област на Панем, остаток од поранешните Соединети Американски Држави. Во...
  • Игрите на гладните: Мокингџеј - прв дел (2014)

    image
    Младата Оскаровка Џенифер Лоренс се враќа во улогата со која се прослави. Во филмот „Игрите на гладните: Мокингџеј - 1 дел“ таа е повторно Кетнис Евердин, но сега...
  • Вавилон во нашата ера (2008)

    image
    Неколку децении во иднината, крвникот Туроп (Вин Дизел) ја прифаќа работата што му ја нуди рускиот мафијаш Горски (Жерар Депардие). Туроп треба да ја донесе во...
  • Тенет (2020)

    image
    Џон Давид Вашингтон е главниот протагонист во овој sci-fi акциски спектакл на Кристофер Нолан. Вооружен со само еден збор - Тенет, борејќи се за опстанок за...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.