рејтинг: 8.1/10
Оценка на корисникот: 8.58/10
(24 гласови)

Ферхат е човек кој заборавил да сака. Тој е исполнет со гнев, темни мисли и подготвен да одземе дури и човечки животи. Асли е докторка. Нејзиното срце е полно со љубов. Го посветила својот живот во помош на другите, во лекување на болните. И оној момент кога ќе се сретнат Ферхат и Асли е момент кога се спојуваат небото и земјата. Северот и југот. Водата и огнот. Доброто и злото. Едниот одзема животи, другиот од нив дава живот. И меѓу тие два сосема различни света се раѓа љубов која е толку невозможна како онаа на Сонцето и Месечината и толку различна како црната и белата боја.
На Ферхат му треба лекар за да му го спаси животот на човекот што го следи и во кој пукал. Од тој човек Ферхат очекува одговори и затоа му е потребен жив. А за да остане жив, му треба Асли за да го спаси. Асли е киднапирана и однесена на едно место каде треба да го лекува повредениот, но тогаш таа ќе стане сведок на нешто што не требаше никогаш да го види. Озогласениот Намик, вујко на Ферхат и татко на мафијата, за кого сите мислат дека е добродушен човек со ангелско срце, всушност е убиец. Тој го убива повредениот, а Асли го гледа тоа пред своите очи. Од тој момент, таа си ја потпишува смртната казна затоа што господинот Намик му наредува на Ферхат под итно да се ослободи од девојката.
Но, наместо да ја убие, Ферхат ѝ дава уште една шанса. Но, слободата секогаш има цена, а овојпат Асли ќе мора да ја плати најскапата. Предлогот на Ферхат е или да ја убие, или да се омажи за него. Асли сака да живее и затоа одлучува да го одбере она другото, да се омажи за Ферхат. Стравот прераснува во омраза, а омразата постепено во љубов. Меѓу љубовта и омразата е линијата на прошката. Кога таа би се поминала, тоа би значело живот за оваа страст.

Се прикажува на каналите:

Sitel  

Беше на каналите:

BN 2 HD  Hayat TV  BN  

Следна епизода:

петок
22:30
Црно бела љубов
ПРЕПОРАКИ
  • Истрага на местото на злосторството: Мајами (2002)

    вторник
    image
    Врвна телевизиска забава, синоним за криминалистичка серија која со своите детективски теми ги постави највисоките критериуми, а детективот Хорејши Кејн го вивна...
  • Место злочина: Њујорк (2004)

    вторник
    image
    У центру пажње је Мек Тејлор (Гери Синис) начелник њујоршке криминалистичке лабораторије, чији је посао да и у ситуацијама које оскудевају (видљивим) доказима...
  • Херкул: Легендарна путовања (1995)

    вторник
    image
    Серија прати легендарног јунака у његовој борби с разним тиранима, чудовиштима и макинацијама богова с Олимпа уз помоќ вјерног пратитеља Јолаја. Легендарни...
  • Одред за чуда (2014)

    вторник
    image
    "Одред за чуда" је канадско-америчка образовна серија за дјецу и младе премијерно приказана у Канади и САД-у 26. студенога 2014. У серији дјеца глумци, чији су...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.