Неконвенционална комична серија за наоѓањето смисла и исполнетост во алчниот, корумпиран и дволичен корпоративен свет. Откако доживува душевен слом на работа, самодеструктивната Ејми Џелико се обидува да направи позитивна промена.
Губите контрола на работа. Заминувате на третман. Сега се враќате - освежени, инспирирани и (мислите дека сте) под контрола, желни за нови предизвици во вашата стара компанија. Мислите дека сте се смениле. Сега сакате да го смените и светот. „Просветлени“ е неконвенционална комична серија на Ејч-Би-Оу, по сценарио на Мајк Вајт, во која Лора Дерн ја глуми Ејми, самодеструктивна менаџерка за здравје и убавина која доживува јавен слом на работното место. По три месеци себеиспитување и размислување во еден душевен центар во Хаваи, Ејми се враќа одморена и подготвена да го организира својот стар живот и да го промени светот кој го оставила зад себе. Тоа вклучува и давање на добронамерни, но и несакани совети на својата мајка со која Ејми сега живее; на нејзиниот мрзлив поранешен сопруг, чија единствена утеха доаѓа од повременото користење дроги; и на екипата чудни соработници со кои сега соработува Ејми. Серијата ја прикажува Ејми која балансира помеѓу тоа што е, тоа што сака да биде... и тоа што сите би го толерирале.

Беше на каналите:

Stinet  HBO3  HBO2  HBO  

Препораки
  • Praxis mit Meerblick (2017)

    image
  • Toni, männlich, Hebamme (2019)

    image
    Unfortunately, Toni does not always have it easy as a male midwife.
  • Современо Семејство (2009)

    image
    Оваа ситком серија во сатиричен стил зборува за невообичаеното сродство на проширениот клан Притчет, семејство кое го вклучува патријархот Џеј (Ед Онил), неговата...
  • Hubert & Staller (2011)

    image
    A show about two police officers from Wolfsrathausen who sometimes work a bit differently.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.