Хумористичен трилер за двајцата добронамерни идиоти Сем и Фил, кои влегуваат во мрежа на криминал, завери и корупција откако Сем се јавува на еден телефон што го наоѓа на местото на една сообраќајка.
„Погрешни човеци“ е серија за Сем Пинкет и Фил Борн, канцелариски службеници во Градскиот совет на Беркшајер, чии животи се превртуваат наопаку поради еден случаен телефонски повик и помешување на нивниот идентитет. Откако е единствен сведок на една сообраќајка на пуст пат, Сем се јавува на оставениот телефон и слуша порака што очигледно не била за него: „Ако не дојдеш до 5 часот, ќе ја убиеме жена ти“. Охрабрен од курирот на работа, Фил, кој му вели дека може да станат херои, тие двајца влегуваат во многу сериозна мрежа на криминал, завери и корупција.