Содржина
Дарен Силверман, Вејн Ле Фесјер и Џ. Д. Мекнагет се најдобри пријатели уште од петто одделение. Но сега, убавата, ладна и манипулативна психијатарка Џудит го има „заробено Дарен, одвлекувајќи го од неговите пријатели, па дури и растурајќи го нивниот музички состав „Дијаманти во сурова средина, кој изведува песни од Нил Дајмонд. Џеј-Ди и Вејн отпрвин се обидуваат да му го одвлечат вниманието на Дарен преку нова средба со неговата средношколска љубов Сенди. Кога тоа не успева, тие се во очај и ја киднапираат Џудит, лажирајќи ја нејзината смрт. Но итрата Џудит бега, па двојката се наоѓа на свадбениот олтар, а тогаш пред нив, во неочекуван облик, се појавува еден херој. Тоа е Нил Дајмонд во својот прв филм по 20 години, повикан од страна на Џеј-Ди и Вејн за да ја спаси ситуацијата.