Содржина
Брајан (Лијам Нисон) е поранешен таен агент кој живее во Америка, разведен е и има 17-годишна ќерка Ким (Меги Грејс). За време на празниците Ким планира да оди со другарката на патување низ Европа. Бидејќи ѝ е страв дека таткото нема да ја пушти, ветува дека ќе одат само во Париз. Работите тргнуваат во лоша насока и Ким ја грабнуваат трговци со луѓе. Има ли нешто пострашно за таткото од очекување на телефонски повик од грабнувачите? Доволни ли се 96 часа?