Содржина
Гастон работи како научник во успешна фирма чие мото е „Да го направиме бескорисното - корисно“. Гастон не може да се пофали со многу здрав разум, но затоа со својата трапавост постојано предизвикува незгоди кои го излудуваат неговиот шеф. Покрај тоа, Гастон доаѓа на работа во прекрасна кола од 1920 година која работи на соларни ќелии, а ги носи со себе своите миленици - мачка, галеб и златна рипка. Ќе успее ли Гастон да ја спаси фирмата од самиот себе?