рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 8.4/10
(57 гласови)

Содржина

Едноставната идеја за романтичната љубов може да ги натера луѓето да ја испитаат нејзината одржливост, разумност, како и храброста која е потребна за да не се игра на сигурно и да се промени сопствениот живот. Тоа е идејата на романтичната комедија, „Писма до Јулија“, со Аманда Сејфилд („Мама миа“, Ванеса Редгрејв (шест пати номинирана за награда на Академијата и добитник за „Јулија“’), Кристофер Еган („Ерагон“), Гаел Гарсија Бернал („Дневникот на еден моторџија“) и Франко Неро („Умри машки 2“) во улогите. Филмот е во режија на Гери Виник („Мрежата на Шарлот“, „13 оди на 30“) и во продукција на Марк Кантон, Елен Баркин и Керолин Каплан. Сценариото е на Хозе Ривера (номинираниот за наградата на академијата за „Дневникот на еден моторџија“) и Тим Саливан. Рон Шмит е извршен продуцент. Сејфилд ја игра Софи Хал, новинарка во едно списание, која заедно со нејзиното момче, Виктор (Бернал) лета од Њујорк во Италија за романса која ѝ е многу потребна. Додека Виктор се грижи за своите деловни обврски, Софија се наоѓа во познатиот двор на Јулија Капулети од „Ромео и Јулија“ во Верона, каде жените од целиот свет оставаат писма за изгубена љубов и за љубов за која се надеваат. Таа открива едно писмо старо 50 години, кое Клер Смит (Редгрејв) ѝ го напишала на Јулија, барајќи еден млад Италијанец кој бил вљубен во неа кога била тинејџерка. На изненадување на Софи, писмото ја инспирира Клер, која сега е старица, да допатува во Верона, барајќи ја својата изгубена љубов (Неро). Придружувана од својот внук, Чарли (Еган), тројцата бараат низ цела Тоскана и откриваат дека храброста која е потребна за сите тие да се справат со љубовта, не е лесна за освојување. Но, поттикот да влезе во оваа авантура, според нејзиното мислење е унапредувањето на нејзината кариера. Софи претчувствува дека ова може да биде приказна која ќе ѝ ја унапреди кариерата. Што почнува да ѝ помага на Клер, таа открива дека ја бара нејзината приказна само за да избега од приказните на нејзиниот сопствен живот.

Слики

Писма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за ЈулијаПисма за Јулија

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Казанова (2005)

    image
    Тој беше најозлогласениот заводник во светот. Авантурист, господар на итроста. За него се велеше дека ниедна жена не може да му одолее на шармот. Сѐ до сега....
  • Мил Џон (2010)

    image
    Во режија на Ласе Халстром и врз основа на романот од бестселер авторот, Николас Спаркс, „Мил Џон“ ја раскажува приказната за Џон Тајри (Чанинг Татум), млад...
  • Прибежиште (2013)

    image
    Мистериозна млада жена пристигнува во мал град во Северна Каролина. Нејзината неподготвеност да се приклучи на заедницата покренува прашања за минатото меѓу...
  • Барајќи пријател за крајот на светот (2012)

    image
    Огромен астероид јури кон Земјата и деновите на луѓето им се одброени. Пред распаѓањето на светот, се распаѓа и бракот на осигурителниот агент Доџ (Стив Карел)...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.