Содржина
Во светот каде што луѓето од облаците прават бебиња и им ги даваат на штрковите за да ги испорачаат, има еден осамен сив облак по име Гас. Штркот на Гас се вика Пек. Гас е облак што прави опасни бебиња, на пример крокодили, тигри итн. Како што Гас прави сѐ поопасни креации, работата на Пек станува сѐ потешка. Како Пек ќе успее да се справи со својот опасен товар?