Содржина
Еди Марфи се враќа во улогата на докторот кој може да зборува со животните, во „Д-р Дулитл 2, продолжението на блокбастер комедијата од 1998 година. Овој пат борбата е помеѓу Дулитл и Дарвин, во најголемата пресметка помеѓу човекот и природата, во првиот штрајк на животните.
Сега познатиот доктор има премногу пациенти, и луѓе и животни. Но овие животински пријатели сакаат повеќе од докторски визити. Вознемирените животни сакаат да ја спасат својата шума од бескрупулозните луѓе кои сакаат таму да градат, па бараат помош од Дулитл. Дали животинските пријатели на Дулитл ќе почнат да стражарат? Може ли тој да го најде вистинскиот лек за да ги спои Ава и Арчи заедно и да ја спаси шумата? Дали ќе му се посреќи на Лаки? Ножот е дојден до коска кога Дулитл и дружината им даваат на алчните узурпатори малку да ја вкусат дивината.