Содржина
Младиот Александар го искусува најлошиот ден од својот живот и се прашува дали само нему му се случуваат лоши работи. Тој дознава дека не е сам кога мајка му, татко му и целото семејство доживуваат еден ужасен и урнебесен ден.
„Александар и бескрајно лошиот ден“ на „Дизни“ ни ги прикажува згодите и незгодите на 11-годишниот Александар (Ед Оксенбулд) кога го доживува својот најлош ден во животот. Тоа е ден што почнува со залепена мастика во неговата коса, по што се случуваат еден куп лоши работи. Но, кога Александар му кажува на своето семејство за ужасните случувања во катастрофалниот ден, тој не наоѓа многу поддршка, па почнува да се прашува дали само нему му се случуваат лоши работи. Тој наскоро дознава дека не е сам кога мајка му (Џенифер Гармер), татко му (Стив Карел), брат му (Дилан Минет) и сестра му (Керис Дорси) и самите доживуваат многу лош ден. Тој што вели дека нема лоши денови, не доживеал таков.