Содржина

Еден професионален бејзбол играч има проблем со зависност и е присилен да оди на рехабилитација во родниот град, каде искрено размислува за своето минато и прифаќа да биде тренер на еден тим отпадници, кој се натпреварува во детската лига.
Бејзбол ѕвездата Кори Бренд знае што е потребно за победа во првата лига. Но, надвор од теренот, него го прогонуваат сеќавањата од минатото и неговиот живот излегува од контрола. Во надеж дека ќе ја спаси кариерата на својот клиент, како и неговото реноме, откако тој вози под дејство на супстанции и добива суспензија од составот, неговата агентка го испраќа Кори назад во неговиот роден град, каде што има пораснато. Присилен да стане тренер на локалниот детстки бејзбол состав и да мине осум недели во единствената програма за рехабилитација во градот, Кори одвај чека да се врати на својот стар живот што е можно побрзо. Додека неговите млади играчи му помагаат да ја искуси радоста на играта, Кори ја открива својата потреба да се ослободи од своето минато и да најде надеж за својата иднина... како и повторно да ја освои љубовта што ја оставил зад себе. Со оваа неочекувана втора шанса, Кори се наоѓа на моќно патување на преобразба и искупување.

Слики

ХоумранХоумранХоумранХоумранХоумранХоумран

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Легенда (2010)

    image
    Мек Четли бил млад и перспективен борач, сè додека автомобилска несреќа не му ставила крај на неговиот живот. Неговиот син Мајк (Џ. Цена) некогаш бил борач во...
  • Роки (1976)

    image
    Ова е филм кој ја инспирираше нацијата и освои „Оскар“ за најдобар филм и најдобар режисер (Џон Г. Авилдсен)! Публиката и критиката топло ја дочекаа американската...
  • Борачот (2008)

    image
    Мики Рурк даде сè од себе во овој филм за да го претстави професионалниот борач Ренди „Рем“ Робинсон, поранешна ѕвезда која денес го плаќа данокот на...
  • Национална класа - филм (1979)

    image
    Бранимир Митровиќ. Флојд, голем љубовџија и уште поголем љубител на автомобилски трки подготвен е да направи се за да победи на својата најважна трка...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.