Содржина
Во дремлив дел на Белфаст се наоѓа малата семејна продавница за старини. Кога брат му не е тука, за бизнисот се грижи Бостонецот Џо Мегваер (Брендан Фрејзер). Џо се крие од својата љубоморна поранешна сопруга и од нејзиниот татко, кој е шеф на мафијата. Тој се спријателува со убавата Софи (Јаја Дакоста), која е имигрант од Етиопија и работи во близина. Младиот Џимбо (Марти Мекен) размислува како да ги плати коцкарските долгови и да го заштити семејството Тој верува дека е Џо неговиот одамна изгубен татко кој имал летна афера со неговата покојна мајка и ја оставил кога била бремена. Дали еден грабеж ќе ги реши проблемите или работите уште повеќе ќе се усложнат?