Содржина

Обземен со сопствената работа, полицискиот специјалец, Алекс има тешка врска со својата поранешна сопруга и адолесцентна ќерка, Лу.
По својот развод, Алекс Декер, искусен член на специјалната единица во Женева, е загрижен за својата ќерка-тинејџерка, кога Виктор, негов поранешен партнер и најдобар пријател, кој Декер морал да го стави во затвор пред повеќе години поради бруталното убиство на една млада проститутка, повторно се појавува во неговиот живот. Двајцата мажи кои се пријатели уште од детството и кои имаат доживеано заедничка траума, склопуваат кревко примирје, но кога Виктор, кој сега работи за локалната мафија, почнува да излегува со поранешната жена на Декер, инстинктите на полицаецот почнуваат да надвладуваат. Загрижен поради желбата за одмазда кај неговиот партнер, Декер ќе се обиде повторно да го смести својот пријател во затвор, не размислувајќи за опасностите на кои ја изложува својата кариера и животот на неговиот непријател. Декер, кој целиот свој житовт бара шанса да изврши херојски чин кој ќе го искупи од случајната смрт на неговиот помлад брат, сега е опседнат со мисијата да ја спаси својата ќерка од опасноста која ја предвидува. Така, младата девојка станува фактор во конфликтот помеѓу двајцата мажи кои на себичен начин се несвесни за нејзината борба да си го најде местото во циничното општество каде родителите повеќе не си зборуваат еден на друг и каде искушенијата на нејзината генерација се обидуваат да ја примамат од сите страни. Сепак, на крајот Декер ќе открие дека решението за конфликтот со Виктор ќе го присили подлабоко да погледне во сопствената душа за да ги види работите под површината и за да открие дека неговиот непријател можеби не е оној од кој се плаши.

Слики

ВерсоВерсо

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Убиство на свиреп и подмукао начин (1969)

    image
    Убиство извршено у центру Београда послужило је новинару да попуни рубрику. Али кад милиција ухапси и оптужи, по његовом мишљењу невиног човека, он се умеша у...
  • Ризична игра (2013)

    image
    Студентот на „Принстон“, Ричи, кој верува дека е измамен, патува во Коста Рика за да се соочи со коцкарскиот тајкун на интернет, Иван Блок. Ричи е заведен од...
  • Право време (2017)

    image
    Након што млаѓи брат заврши у затвору кад пљачка банке поѓе по злу, Цонние Никас (Р. Паттинсон) упушта се у изопачену одисеју поsемљем Неw Yорка да би брата Ницка...
  • Гавранот (2012)

    image
    Кога еден психички растроен убиец ќе започне серија крвави злосторства, инспирирани од делата на Едгар Алан По, еден млад детектив од Балтимор ќе ги здружи силите...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.