Содржина
Кога пресушува африканската савана и водата станува скапоцен ресурс, еден храбар меркат и еден опуштен лав се подготвуваат за пат за да избегнат смрт поради жед. Во изминатите сезони, само еден планински кањон обезбедувал доволно вода за сите суштества во саваната. Но, годинава, нема паднато ни капка дожд. Бафалата и носорозите ја чуваат дупката со вода која е единствена во пошироката околина и доколку животните не реагираат брзо, тие сигурно ќе угинат. Во очај, Били меркатот и Сократ лавот тргнуваат на пат за да најдат вода. Тие по пат се среќаваат со петелот Чарлс и дознаваат за местото наречено Делта Окаванго каде што водата сè уште тече. Но, додека Чарлс ги води до таму, луѓето веќе го окупирале малиот резервоар. Во меѓувреме, локалниот претприемач Смит изградил брана за да ја пренасочи скапоцената вода во својот луксузен хотел. Кога Били и Сократ дознаваат дека хотелот организира конференција за зачувување на природата, тие ги повикуваат сите своите пријатели животни за да ги научат бесчувствителните политичари неколку работи за споделувањето на земјата.