Содржина
Што да правите кога немате доволно време во денот? За градежниот инженер Даг Кини, одговорот доаѓа од еден клиент. Да се клонира себеси! Работите се полесни со двајца Даговци, па зошто да нема тројца... или четворица?
На Даг Кини (Мајкл Китон) му треба чудо. Даг е посветен сопруг, татко и бизнисмен, тој е женет со прекрасна сопруга (Енди Мекдауел) и има работа што бара големо ангажирање. И двете работи му оставаат малку време за во која било од нив да ужива. Бидејќи има премногу работи за правење, а нема доволно време, Даг е готов да крахира, но тогаш го запознава светски познатиот генетичар д-р Овен Лидс. Д-р Лидс му нуди шанса да преземе контрола врз својот живот со тоа што ќе стане „подвоена“ личност и ќе се клонира. Ако животот беше комплициран со еден Даг, почекајте само тој да се мултиплицира.