Содржина
Сем и Луси Бел се брачна двојка која се чини дека има сѐ: изгледаат добро, имаат успешна кариера и квалитетен љубовен живот. Им недостасува само едно, она што најмногу го сакаат - дете. Се обидуваат на сите начини: пеат песни, одат на акупунктура, креативно водат љубов... но сѐ што постигнуваат со напорниот распоред е подобрување на кардиоваскуларниот систем. Следењето на овулацијата наскоро ја заменува спонтаноста, па двојката неволно се предава во рацете на медицинските професионалци. Во исто време, работата повеќе не го исполнува Сем. Сака да напише сценарио, но му се случува блокада. Неговата хипи пријателка Друсила го инспирира, велејќи му да погледне „внатре во себе“ и да напише комедија за двојка која се обидува да добие бебе! Но, Луси е згрозена од идејата и му забранува да ја стави на хартија нивната приказна. Дали големата љубов на Сем и Луси ќе го помине овој тест?