Содржина
Во продолжението на оригиналниот филм од Оливер Стоун, Гордон Геко (Мајкл Даглас) е пуштен од затвор по повеќе од две децении и се соочува со Вол Стрит кој е на пат кон уште еден финансиски крах.
Мајкл Даглас се враќа во улогата за која доби Оскар, како еден од најозлогласените негативци на екраните, Гордон Геко. Геко кој излегува од долгогодишниот престој во затвор, се наоѓа надвор од светот во кој порано доминирал. Во обид да ја поправи својата уништена врска со својата ќерка, Вини, Геко оформува сојуз со нејзиниот свршеник, Џејкоб (Шиа Лебуф). Но, дали Џејкоб и Вини навистина можат да му веруваат на поранешниот финансиски џин чии неуморни напори повторно да се пронајде себеси во различна ера, водат до неочекувани последици?