Број на епизоди: 10
Содржина:
Гај Клаудиј Глабер е мртов. Минуваат многу месеци од неговата смрт, а бунтовничката војска, предводена од Спартак и неговите генерали Крикс, Ганик и Агрон продолжува да реди победи над Рим. Бројот на бунтовниците нараснува на илјадници ослободени робови и станува сила која е предизвик дури и за моќните римски војски. Спартак е решен повеќе од кога било да ја сруши целата Римска Република. По смртта на Ашур, Невија и Крикс се борат како еден, со нова сила и решителност. А Ганик секогаш се обидува да го искористи животот до максимум, делејќи го креветот со убавата но опасна Сакса. Бунтовниците заедно се впуштаат од една крвава битка во друга и се подготвуваат за неизбежното, за целосна војна со Рим. Римскиот Сенат бара помош од својот најбогат граѓанин, Марк Крас. Тој е моќен политичар со стратегија, кој го почитува својот противник и одбива да ги направи истите грешки како Глабер и неговите претходници. Имајќи го младиот и амбициозен Јулиј Цезар за сојузник, Крас е решен да ги уништи Спартак и неговиот бунт. „Спартак: Војна на проколнатите“ е епскиот крај на легендарното патување и во него ќе видите битка каква што досега не е видена.
-
епизода 1.Enemies of Rome
-
епизода 2.Wolves at the Gate
-
епизода 3.Men of Honor
-
епизода 4.Decimation
-
епизода 5.Blood Brothers
-
епизода 6.Spoils of War
-
епизода 7.Mors Indecepta
-
епизода 8.Separate Paths
-
епизода 9.The Dead and the Dying
-
епизода 10.Victory
-
епизода 11.
-
епизода 12.
-
епизода 13.