Напишана од Дејвид Е. Кели („Големи мали лаги“) и режирана од Сузана Биер („Ноќен менаџер“), шестоделната лимитирана серија „Слом“ се фокусира на Грејс Фрејзер (Никол Кидман), успешна терапевтка, нејзиниот сопруг (Хју Грант) и нивниот млад син (Ноа Џапи), кој оди во елитно приватно училиште во Њујорк. Преку ноќ, во нивните навидум совршени животи се отвора бездна: насилна смрт, исчезнат сопруг, а се случува и низа страшни откритија. Оставена сама во зачетоците на ширењето на големата катастрофа, а и преплашена од начинот на кој не успеала да си го следи својот совет, Грејс мора да го соголи едниот живот и да создаде нов за себе и за своето дете.