Содржина
Филмот е детално потсетување на дивата, примитивна Источна Европа на крвавиот крај на Втората светска војна и го следи патувањето на момчето, кое е вдомено кај една жена по прогонството на неговите родители. Но старата жена наскоро умира...
Заснован на познатиот роман на Јежи Кошињски, „Обоена птица“ е детално 35-милиметарско црно-бело потсетување на примитивна Источна Европа на крвавиот крај на Втората светска војна. Филмот го следи патувањето на момчето, кое е вдомено кај една постара жена по прогонството на неговите родители. Старата жена наскоро умира и момчето е оставено само на себе талкајќи низ земјата, преку селата и фармите. Додека се мачи да преживее, момчето страда од невидена бруталност којашто врз него ја вршат празноверните селани како и безмилосните руски и германски војници. Кога завршува војната, момчето е променето засекогаш.