Содржина
Партизанот Митко Ангелов го напушта боиштето во однапред изгубена битка и заминува со воз да ја посети мајка си која се вратила од заробеништво. Веднаш по враќањето, го прогласуваат за дезертер, му го одземаат оружјето и го врзуваат. Партизаните му подготвуваат заседа на германскиот конвој, а комесарот решава да го прати Ангелов во битка, без оружје, за самиот да се избори за нова пушка.