Содржина

Една збрка при изнајмување туристички апартман води до хаос, во духовитата комедија „Тесен апартман“, во која играат познатите актери Настасја Кински и Тимоти Далтон. Брилијантната научничка и опсесивно ефикасна самохрана мајка, Џулија Вајланд, решава дека најдобриот начин нејзините синови да се поврзат со нејзиниот претерано фин свршеник е да го минат одморот заедно, во домот што го изнајмила на островот Нантакет. Кога Расел, како и секогаш, премногу е зафатен со работата, па не може да дојде, Џулија и синовите сами се упатуваат во САД. Во меѓувреме, харизматичниот и флертувачки настроен Мет Фарагер, самохран татко и успешен готвач, ги носи своите две деца на годишен одмор. Кое е нивното одредиште? Една посебна куќа што ја изнајмуваат секоја година, на островот Нантакет... Откако пристигнуваат и се сместуваат во својот туристички дом, Џулија е ужасната кога ги гледа Мет и неговото семејство пред вратата, сосе куфери во рацете. Бидејќи и двете семејства ја изнајмиле истата куќа, а нема друго слободно сместување на островот, семејствата Вајланд и Фарагер се присилени да ја делат куќата! Отпрвин се работи за целосна војна! Додека Џулија и нејзините синови се однесуваат според своите скапоцени распореди, децата на Мет дивеат низ куќата! Мет, кој е човек со слободен дух, почнува да дивее дури и повеќе кога се фаќа со локалната убавица. Драмите на семејството Фарагер се премногу за прагматичната Џулија! Но, кога една силна бура заробува две од момчињата на море, Мет и Џулија ја делат истата цел за прв пат. Додека работат заедно да ги спасат своите синови, борбите полека стивнуваат и оваа чудна двојка почнува да ужива во своите разлики. Џулија ја обезбедува стабилноста што им е потребна на децата на Мет, додека Мет носи заразна енергија во семејната мешаница. Откако Мет на Џулија ѝ одржува заводлива лекција по готвење, меѓу нив двајцата почнува да се развива голема привлечност и почнуваат да летаат искри!

Слики

Тесен апартман

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Хроника на лоши љубовни состаноци (2017)

    image
    Леј води блог каде што ги опишува лошите состаноци, а откако ги објавува своите искуства од состанокот со Конер, кој води сличен блог на една конкурентска...
  • Пријатели со привилегии (2011)

    image
    На Дилан (Џастин Тимберлејк) му е доста од врски. Џејми (Мила Кунис) решава да престане да верува во холивудските клишеа за вистинска љубов. Кога тие двајца се...
  • Polizei (1988)

    image
    Ali acts like a German Police, because he wants to impress a beautiful blonde German woman.
  • Силом отац (1969)

    image
    Младог песника тражи милиција због антирежимске песме, па је принуѓен да се скрива код школског друга, под лажним именом. Проблеми настају кад измеѓу њега и...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.