СОДРЖИНА
Леј води блог каде што ги опишува лошите состаноци, а откако ги објавува своите искуства од состанокот со Конер, кој води сличен блог на една конкурентска страница, тие двајцата започнуваат онлајн соперништво кое го зголемува интересот на јавноста и за двете страници. Нивните шефови ги наговараат да продолжат да се гледаат и да објавуваат впечатоци од состаноците, но кога подобро се запознаваат и зближуваат, ќе мора да решат дали ќе дозволат популарноста на блоговите да им ја уништи шансата за вистинска љубов.