poster

Пиратско рокенрол радио

Pirate Radio: The Boat That Rocked (2009)

Комедија, Драма, Mузика | Обединетото Кралство, Германија, Франција
Режисер: Richard Curtis
Tring Comedy | 11.4.24 | 18:05

рејтинг: 7.3/10
Оценка на корисникот: 8.7/10
(51 глас)

Содржина

Вистинита приказна за одметната дружина радио диџеи кои ја освоија Британија во 1960-те со пуштање рок и поп музика од еден брод, спротивставувајќи ѝ се на владата. Пиратското радио ја испорачуваше музиката која дефинираше цела генерација.
Во 1966, на Би-Би-Си се пуштало само по 2 часа рокенрол неделно. Но, пиратското радио пуштало рок и поп од море, 24 часа на ден. А повеќе од половина од населението на Британија ги слушаше пиратите секој ден. Мајката на Карл кој пред кратко време бил избркан од училиште, го испраќа кај кумот, Квентин, за тој да најде некаква насока во животот. Квентин е сопственикот на „Радио Рок“, пиратска радио станица во Северното Море, каде живее една чудна дружина од рокенрол диџеи. Пиратската станица го привлекува вниманието на владиниот министер Дорманди кој ја бара главата на овие одметници од законот. Во ерата кога тесните ходници на власта угнетуваат сè што наликува на младешки израз, Дорманди ја користи шансата за да постигне една политичка цел, па го носи Законот за прекршоци при емитување програма од море, во напор да ги направи пиратите незаконски и да го отстрани нивното несакано влијание од земјата, еднаш засекогаш. Резултатот е буквална бура на морето. Бидејќи „Радио Рок“ е загрозено, неговите верни слушатели се собираат и изведуваат епско спасување со стотици бродови во стилот на битката кај Данкирк, сè со цел да ги спасат своите диџејски херои. Некои работи можеби имаат крај, но рокенролот никогаш не умира.

Слики

Пиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радиоПиратско рокенрол радио

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Концерт (2009)

    image
    Пред 30 години, познатиот диригент на оркестарот при театарот „Бољшој“, Андреј Симеонович Филипов, бил отпуштен зашто примил во оркестарот музичари Евреи. Сега...
  • Аве, Цезар! (2016)

    image
    Оскаровците Џоел и Итан Коен се сценаристи и режисери на оваа ѕвездена комедија која се однесува на доцните години на златната ера на Холивуд. „Аве, Цезар!“ следи...
  • Hotel Bleu (2016)

    image
    A down and out stand-up comedian finds refuge at Hotel Bleu, forging an off-beat partnership with a charismatic trumpet player half her age.
  • Пас који је волео возове (1977)

    image
    Девојка Мика је у затвору због ситног шверца и то руши њене снове о одласку у Париз. За време превоза затвореника на присилни рад успева побеќи што је поново...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.