Содржина
Откако ни ја донесе приказната за американските војници кои се бореле во битката за Иво Џима во филмот „Знамињата на нашите татковци“, Клинт Иствуд ни нуди и исто толку сеопфатен портрет на јапонските војници.
Триесет и шест дена 21.000 Јапонци и 6.800 Американци умираат, а текот на светската војна и на светската историја се менува. Добитникот на „Оскар“, Стивен Спилберг („Шиндлерова листа“) се здружува со уште еден добитник на „Оскар“, Клинт Иствуд („Девојка од милион долари“, „Непростено“) за да ја раскаже незаборавната приказна за битката на островот Иво Џима во Втората светска војна. И на двете страни десетици илјади мажи прикажуваат безброј чинови на храброст и доживуваат агонија, жртвувајќи ги своите животи во борбата во која победник може да биде само една армија. За првпат американските режисери ја прикажуваат оваа пресвртница на војната од гледната точка на јапонските војници кои се борат за да ја заштитат својата татковина. Другиот дел на овој филм, „Знамињата на нашите татковци“, ја раскажува приказната за истата битка од американска страна.