Содржина
Филмот се занимава со британски заробеници во Втората светска војна, на кои им е наредено да изградат мост, преку кој ќе поминува линијата Бурма-Тајланд. Инстинктот им вели да го срушат мостот, но полковник Николсон ги убедува дека мостот треба да биде симбол на британскиот морал, дух и гордост во тешките околности. Затворениците му се восхитуваат на Николсон, кој херојски го издржува измачувањето откако одбива да ги прегази своите принципи и да му задоволи на садистичкиот јапонски командир, Сато, чесен но арогантен човек кој полека потонува во лудило.