Содржина

Џорџ Вебер (Дадли Мур) е успешен композитор на поп-музика. Тој е современ талент од типот на оние што ја одржуваат во живот музиката која се слуша додека јадете во ресторан и се возите во лифт. На 42 години тој ги има сите материјални придобивки што му следуваат на некој со висок рејтинг во АСКАП.
Неговиот дом со одлична положба во Холивуд Хилс е рај за воајери, благодарение на соседот кој организира целодневни оргии уште од кога Џорџ знае за себе. Ако се сомневате, погледнете низ телескопот поставен на плочникот кај Џорџ.
На неговиот паркинг стои „Ролс Ројс“, а во неговата спална соба честопати се паркира секси успешната пејачка по име Сем (Џули Ендрус).
За чудо, Џорџ сепак е незадоволен. Тој сè повеќе се восхитува гледајќи млади гради и задници. Каде и да оди, тој ги рангира младите жени кои минуваат покрај него на скала од 1 до 10. Неговите стандарди се строги. На пример, „Милоска Венера“ би можела да добие слаба седмица и тоа сосе рацете.
Тогаш се случува кулминацијата на една раскрсница во Холивуд. Џорџ ја започнува бркотницата за да ја најде девојката (Бо Дерек). Ќе ù даде чиста и трајна љубов, па дури и да е тукушто венчана, а е. Тој ќе си ја оствари својата фантазија. Импулсот на Џорџ го доведува до психијатриски кауч, до едно агонично попладне на забарски стол и до еден пријатен и романтичен тропски туристички локалитет.

Слики

10101010101010101010

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Како се пишува љубов (2014)

    image
    Сценарист награден со Оскар, но без работа, ќе биде принуден да прифати работа како професор на факултет. Иако прво ја мрази својата работа, нештата ќе тргнат на...
  • Дјус Бигалоу: Машки жиголо (1999)

    image
    Дјус е наивен, добронамерен чистач на аквариуми кој е многу посветен и среќен со својата работа. Но неговиот живот се менува драматично кога тој е најмен да...
  • Пепељугин Божиќ (2016)

    image
    У овој модерној иначици класичне приче, богати нежења на божиќној забави примјеќује занемарену запосленицу.
  • Како маче и куче (2017)

    image
    Грешка у резервацији приморава двоје људи и њихове љубимце да деле куќу поред језера, коју су појединачно резервисали. Катастрофа тиња измеѓу мачке, пса и двоје...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.