Содржина
Џек Блек и двократната добитничка на Оскар Кејт Бланшет се ѕвездите во магичната авантура во режија на Ели Рот, базирана на омилениот детски класик на Џон Белерс.
Десетгодишниот Луис Барнавелт започнува да живее со својот вујко во стара, мистериозна куќа. Пред нив во истат куќа живеела брачна двојка која се обидела да го уништи светот. Непосредно пред смртта, тие изработиле часовник скриен во ѕидовите, кој со секое отчукање укажува дека апокалипсата се приближува. Наскоро ќе стане јасно дека и вујкото на Луис е волшебник и момчето ќе се најде опкружено со магии и опасности, особено кога ќе го открие часовникот во ѕидовите на куќата, создаден за да го повика судниот ден.