Содржина
Шеснаесет годишниот Јорк Хејс, лидер на извидничката група „Огнени змејови“, се враќа во кампот Ракута на последниот годишен собир на извидниците. Јорк е одлучен овој последен собир да го направи најдобар. За жал, од самиот почеток не оди така како што тој планираше, па Јорк е приморан остатокот од седмицата да го мине занимавајќи се со недостатоците, проблемите и лудориите на неискусните млади членови од тимот. На ситуацијата не помага ни појавувањето на неговиот ривал Мич Џонас, лидерот на извидничката група „Рогати Утови“.