Содржина
Филмот е снимен според бестселерот на авторот Дејвид Финкел, а режијата е на Џејсон Хол, сценарист на филмот „Снајперист“. Филмот ја следи приказната на група американски војници вратени од Ирак, соочени со предизвикот да се прилагодат и да им се вратат на своите семејства и на стариот живот, а во исто време прогонувани од ужасните слики од боиштата.