Содржина
Приватниот детектив Том Велес (Николас Кејџ) води нормален живот со својата сопруга (Кетрин Кинер) и со ќерка си, во Харисбург, Пенсилванија. Тој поголем дел од времето го минува истражувајќи случаи на неверство, но една задача околу еден филм го втурнува во најмрачните агли на општеството. Од тротоарите на Холивуд булевар до њујоршкиот месарски кварт, Велес ја следи трагата на вознемирувачкиот доказ за да ја открие судбината на девојката која почнала, што му ја опседнува совеста. На Велес му помага еден продавач во книжарница (Жоакин Феникс), но тој почнува да се оддалечува од својата сопруга, од семејството и од поранешниот живот кога сфаќа колку смртоносен може да биде еден краток осум-милиметарски филм.