Содржина
Една топла летна вечер, заљубениот пар, Роко, пластичен хирург и Ева, психотерапевт, ги очекуваат своите добри пријатели заедно да поминат пријатна вечер. Се оди како треба, додека на памет не им падне игра налик на рускиот рулет: оставајќи ги своите мобилни телефони на маса, вртејќи ги и читајќи ја првата порака која ќе им стигне по пат на било каков постоечки сервис. Оваа необична игра е бесмислена меѓу пријателите кои споделуваат се едни со други. Сепак, кога телефоните ќе почнат да ѕвонат, чии дланки најмногу ќе се потат?