Содржина
Дваесетгодишниот Даниел Картер од мали нозе има проблеми со правото. Неговиот најнов престап го приморува да врши принудна работа во едно училиште. Даниел се спријателува со еден 8-годишен ученик, со кого заеднички ја врши оваа работа. Момчето го импресионира Даниел со неговата отпорност кон тешките домашни услови во кои мора да живее. Еден ден Бун не се појавува на училиште, а Даниел дознава дека мајката на момчето е сериозно болна, па така Бун е предаден во детски дом. Даниел одлучува да се бори за старателство над момчето, сепак неговата млада возраст и тоа што бил казнуван стануваат сериозни пречки. Кога момчето дознава дека Бун има постара сестра што живее во Далас, тој одлучува да го киднапира момчето од старателите и да го поврзе со семејството.