Содржина
Филмот „Момчештво на Ричард Линклејтер е сниман преку 12 години со истата актерска екипа и претставува револуционерна приказна за растењето, видена низ очите на детето по име Мејсон (настап на Елар Колтрејн) кој буквално расте на екранот, пред нашите ичи. Во филмот играат Итан Хоук и Патриша Аркет во улоги на родителите на Мејсон и новата актерка Лорелај Линклејтер во улога на неговата сестра Саманта. „Момчештво го прикажува трнливиот пат низ детството како ниеден филм досега. Сликите од адолесценцијата, патувањата и семејните вечери, до родендените и матурските и сите моменти помеѓу сето тоа се одвиваат на музика што ги отсликува годините, од „Yellow на „Coldplay, до „Deep Blueна „Arcade Fire. „Момчештво претставува и носталгична временска капсула од скорешното минато и ода за растењето и родителството. Невозможно е да се гледа Мејсон и неговото семејство без да се помисли на нашето сопствено патување.