Содржина
Бори се со сите и не верувај никому - тоа е правилото за преживување до кое се држи мајсторот за боречки вештини Кејси Боуман, откако бил дивјачки растурен неговиот семеен живот. Во потрага по одмазда, бестрашниот Американец го следи убиецот од Осака до Бангкок и Рангун со помош на својот мудар и итар сенсеи, а единствена трага му е низата жртви задушени со бодликава жица. За да успее да се одмазди и да ја преживее таа пресметка, Кејси мора да ги изостри своите реакции и да ги подигне своите вештини на ново ниво на кое станува невидлив борец достоен да се нарекува нинџа.