Содржина
Кога 16-годишниот обожавател Брајан посакува да игра како неговиот херој Кевин Дјурант, сонот на тинејџерот се остварува за сметка на кошаркарот. Сега, поради „пропустот“ на Дјурант, неговиот состав може да го изгуби шампионатот во НБА.
Суперѕвездата на НБА, Кевин Дјурант се игра себеси во овој филм преполн со акција, во кој се работи за кошаркарска ѕвезда која го заменува својот талент со еден несмасен 16-годиншен обожавател. Кога Брајан волшебно ги менува кошаркарските вештини со својот херој Кевин Дјурант, тој станува ѕвезда на својот средношколски тим, а Кевин Дјурант наеднаш станува невиден „труп“. Но, кога се наближува плејофот, Брајан дознава дека да се биде вистински победник значи да работиш напорно на сопствената игра, па се обидува навреме да ги поправи работите и да го спречи катастрофалниот крај во сезоната на својот херој.