Содржина
Хенри е учител на замена во едно средно училиште, но никогаш не останува доволно долго на едно место за да се поврзе со некого, без разлика дали со учениците или со колегите. Но, неговата последна задача носи промени...
Портрет на американскиот образовен систем, виден низ очите на Хенри Бартес, учител со вистински талент да се поврзе со своите ученици, а кој сепак донел одлука да ја потисне својата дарба. Минувајќи ги своите денови како учител на замена, тој успева да го избегне секој вид на емоционална поврзаност така што никогаш не останува некаде доволно долго за да оформи врска со своите ученици или колеги. Кога му е назначена нова задача во едно јавно училиште каде што фрустрираната и излитената администрација создала апатично ученичко тело, Хенри набргу станува пример за учител кому, всушност, му е гајле за доброто на неговите ученици. Но откако воспоставува чудна емоционална поврзаност со учениците, со учителите и со една избегана тинејџерка, која ја вдомува од улиците, Хенри сфаќа дека не е сам во својата борба на живот или смрт, па успева да пронајде убавина во навидум безмилосниот свет без љубов.