Содржина
Во оваа своја комедија Џејсон Судеикис игра улога на ситен дилер од предградијата, кој не сака многу да се истакнува. Кога го напаѓаат насилници кои му ги крадат парите и дрогата, тој има големи проблеми со својот снабдувач Бред (Ед Хелмс). За да ја среди ситуацијата, ситниот дилер мора да стане голем шверцер на дрога со тоа што ќе ја внесе најновата пратка на Бред од Мексико. Тој во сето тоа ги вклучува своите соседи, една цинична стриптизерка (Џенифер Анистон) и една тинејџерка (Ема Робертс) која знае како функционира улицата, како и еден „демек клиент (Вил Полтер), па осмислува совршен план. Една лажна сопруга, две лажни деца и „Милерови можат да се упатат јужно од границата на викенд за 4 Јули, кој сигурно ќе заврши лудо!