рејтинг: 7.5/10
Оценка на корисникот: 10/10

Содржина

Филмот се одвива во едно планинско село во Кенија и ја раскажува неверојатната и вистинита приказна за гордиот 84-годишен бунтовник-ветеран, кој е решен да ја искористи последната шанса да научи да чита и да пишува.
Во едно мало, далечно планинско основно училиште во кениската дивина, стотици деца се борат за шансата за бесплатно образование, кое претставува ново ветување на владата на Кенија. Еден нов апликант предизвикува вџашеност кога тропа на училишната врата. Тој е Маруге, стар ветеран на Мау-Мау, кој има осумдесет години. Тој очајно сака да научи да чита на старост. Маруге се борел за ослободувањето на својата земја и жедно ја очекува својата шанса за образование, кое толку долго му било оневозможувано, па дури и ако тоа значи да седи во училница заедно со шестгодишни деца. „Прваче“ е топла и инспиративна приказна за борбата на еден човек за она во кое тој верува дека е негово право, со цел да го совлада товарот од своето минато. Филмот е триумфално сведоштво за преобразувачката сила на образованието. Како што вели и самиот Маруге, „моќта е во пенкалото“.

Слики

Прваче

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Очи Тами Фаије (2021)

    image
    An intimate look at the extraordinary rise, fall and redemption of televangelist Tammy Faye Bakker.
  • Радиоактивна (2019)

    image
    Вистинската приказна за научничката родена во 1867 година во Варшава, која доаѓа во Франција да студира и таму го запознава идниот сопруг. Пјер и Марија Кири...
  • Грејс од Монако (2014)

    image
    На врвот од својата кариера, во 1956 година, Грејс Кели (Никол Кидман) го напушта Холивуд и се мажи за принцот Рение од Монако (Тим Рот). Шест години подоцна, таа...
  • Теоријата на сѐ (2014)

    image
    Во оваа неверојатна приказна во која играат Еди Редмејн и Фелисити Џонс, се работи за еден од најголемите живи умови на денешницата, познатиот астрофизичар Стивен...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.