Содржина
Речиси целосно слепиот Џозеф, хендикепираниот Филип и Ларс, кој е врзан за инвалидската количка, ги убедуваат нивните родители да им дозволат да одат на „винска тура“ низ јужна Шпанија, што е всушност маска за посета на еден бордел...
Тројца момчиња, на дваесетина години, сакаат вино и жени. Вино имаат пиено во изобилство, но никогаш не биле со жени. Под маската на една винска тура, тие одат на патување во Шпанија, во надеж дека таму ќе спијат со жени. Ништо нема да ги сопре. Дури ни нивните хендикепи: едниот е слеп, другиот е врзан за инвалидската количка, а третиот е целосно парализиран...