Содржина
Џек и Кони се двајца самци кои меѓусебно наоѓаат храброст да ја развиваат својата сè посилна врска. Како спротивност, парот кој ги запознава, Клајд и Луси, се соочуваат со нерешени прашања во својот брак.
Џек е возач на лимузина, сонува да најде работа во МТА и е опседнат со реге, што го тера да почне да пушта суканици. Поголем дел од времето го минува дружејќи се со својот најдобар пријател и колега возач, Клајд, како и со сопругата на Клајд, Луси. Парот на Џек му ја мести Кони, колешката на Луси во еден погребален дом во Бруклин. Врската со Кони го инспирира Џек да научи да готви, да бара нова кариера и да зема часови за пливање од Клајд за да може Кони да ја однесе на романтичното возење со чамец, за кое таа сонува. Но, додека Џек и Кони внимателно почнуваат врска, бракот на Клајд и Луси почнува да се распаѓа. Гледаме како секој пар се соочува со неизбежната патека во сопствената врска.