Содржина
Лили е успешна дизајнерка на ентериери која брза да ѝ помогне на тетка ѝ Меги која планира да го продаде шармантниот пансион, а кој сепак имал подобри денови. Лили одлучува да даде сè од себе за да го доведе пансионот во некогашната состојба, а ќе ѝ помогне Маркус, кој живее во пансионот. Кога пансионот го купува голема компанија која сака на негово место да изгради станови, Лили и Меги се разочарани, но немаат избор, ама сепак Маркус има изненадување за Лили.