Содржина
Филмот е работен според истоимениот бестселер на Њујорк Тајмс. По четири години борба на западниот фронт, Том Шерборн се враќа во Австралија и почнува да работи како светилничар. На изолираниот остров, каде што бродовите што носат намирници доаѓаат еднаш во сезоната, Том ја носи својата сопруга Изабел. Двајцата безуспешно се обидуваат да засноваат семејство. Еден ден, по неколку спонтани абортуси, Изабел ќе чуе детски плач на брегот. Во заринканиот чамец наоѓа мртов човек и живо дете. Изабел успева да го наговори Том да го задржат детето и да го присвојат како да е нивно.